Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од утре го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар.

Протестот не го подржуваат од здружението на лекари по општа и семејна медицина. Од ЗЛОМ – СМ велат дека дел од барањата кои заеднички ги креирале со ЗПЛРМ исчезнале.

Министерот за здравство пред неколку дена изјави дека не го подржува протестот на матичните бидејќи пациентите не смееле да трпат поради незадоволството на лекарите и повика проблемите да се решаваат на маса.