По повод одбележувањето на 50 години од основањето на Општина Карпош, на 6 ноември (петок), со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи голема музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Semp e (Delovski, I victoZ, Flowzy, Blu).

Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти.

Влезот е слободен.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.