67-годишниот Равил Маганов, потпретседател и директор во големата руска нафтена компанија Лукоил, загина во Москва, пренесе Ројтерс.
Агенцијата, повикувајќи се на свои извори, објави дека Маганов загинал откако паднал од прозорец во болница.
Рускиот весник “Правда” (фото) објави информација дека телото на Маганов е најдено во близина на централната клиничка болница во Москва каде бил примен претходно.
Маганов бил вработен во Лукоил при основањето во 1993-тата година, а директор станал во 2020-тата. Компанијата не се изјасни досега за смртта на Маганов.
Лукоил од почетокот на руската агресија бара преговори и мировно решение за кризата која негативно влијае врз енергетскиот бизнис.