Започна обуката за наставници за првиот заеднички албанско-косовски буквар. Веста ја соопшти албанскиот министер за образование, млади и спорт, Евис Куши. Букварот ќе биде готов овој септември за првите одделенија во Албанија и Косово.

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека првиот унифициран буквар е дел од заедничката работа на Владите од Тирана и Приштина за сите албански деца. „Честитки за првото обединето основно училиште, заедничка волја на владите на Албанија и Косово, за сите албански деца овде и таму преку планините и каде и да се“, напиша Рама.

Прикажи повеќе