Минисерот за надворешни работи Бујар Османи имаше средба со новоименуваната амбасадорка на Украина во Скопје Лариса Дир, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.
-Ѝ посакав успех во дипломатската мисија, со уверување дека со своето искуство и лични заложби ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи. Северна Македонија со силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и готовност за понатамошна помош во соочувањето со предизвиците од руската воена агресија, порача Османи.