Државната изборна комисија го објави и првиот резултат за советот на општина Тетово, со кој победник е Движењето БЕСА со 9.620 гласа или 12 советници. БЕСА доби 918 гласови повеќе од Демократската унија за интеграција која остана на второто место со 8.702 гласа или 11 советници.

ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТГЛАСОВИОСВОЕНИ МАНДАТИ
СДСМ19532
ВМРО-ДПМНЕ33324
ДПА10581
ИНТЕГРА1610
АГОН ЗАИМИ2060
АЛТЕРНАТИВА11181
АА7770
БЕСА962012
ДПТМ3340
ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ7610
ДУИ870211
ПР3710
ЛЕВИЦА6460

ВМРО ДПМНЕ излезе како трета партија во Тетово со 3332 гласа и ќе има 4 советници. Потоа следува СДСМ која успеа да добие 1953 гласа или 2 советници. ДПА на Мендух Тачи на овие избори успеа да добие мандат за совет на општината со 1058 гласа, додека Алтернативата со 1118 гласа, исто така доби 1 советник. Алијансата за Албанците има најслаб резултат на овие избори. Од оваа партија не успеаја да добијат ниту еден советник, обезбедувајќи само 777 гласа. Во составот на општинскиот совет нема да се најде ниту листата „Подобро за Тетово“, бидејќи од оваа иницијатива успеаја да добијат само 761 глас.

Претставници во советот нема да имаат и ЛЕВИЦА, Турците и Ромите. Составот на Советот на општина Тетово во наредните три години ќе го сочинуваат шест политички партии.