Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение велат дека премиерот Димитар Ковачевски треба да си даде оставка и да има предвремени парламентарни избори.

„Двојна победа во Тетово, Ковачевски да си даде оставка, предвремени избори веднаш.

ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата.

Народот јасно кажа дека СДСМ и ДУИ се минато.

Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение. СДСМ и ДУИ владеат без поддршка од народот, и работат само за себе и своите криминални дилови.

Ковачевски веднаш да си даде оставка. Секој ден поминат на власт, ќе биде илјадници гласа минус за него на наредните избори. Народот е јасен, Ковачевски нема легитимитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.