Излезноста на Локалните избори 2022 во Општина Маврово и Ростуше до 11 часот е 14,11%, објави Државната изборна комисија. Правото на глас го искористиле 1.404 граѓани, од вкупно 9.948 регистрирани гласачи запишани во единствениот избирачки список.

Сите 39 избирачки места, утрово беа отворени навреме и изборниот процес до сега тече непречено.