До девет часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто. Во Тетово до девет часот од обработени 94 избирачки места гласале 1.755 гласачи додека останатите избирачки места се во обработка.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска на првата прес-конференција во Скопје информираше дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми.

До ДИК, како што посочи Гугутчевска, пристигати се пет приговори за заштита на избирачко право и сите пет се прифатени.

– Четири се од општината Центар Жупа и еден од општина Тетово. Сите пет приговори се прифатени, рече портпаролката на ДИК.

Следната прес-конференција на ДИК е најавена во 11:30 часот, а ќе се одржи во Тетово каде на терен се членови од ДИК.