Апелацискиот суд во Скопје ја донел одлуката за случајот „Монструм“, по одржаната јавна расправа на 18 март годинава, но таа не може да се објави бидејќи сѐ уште не е напишана и потпишана, известува Порталб.мк, пренесува Мета.
„Ве известуваме дека предметот КОК-66/17 на Основен кривичен суд Скопје е доставен на одлучување по жалба до Апелациониот суд и е со број КОКЖ-109/21, за овој предмет се одржа јавна расправа, по што следи подготовка на решението од втор степен во писмена форма, а за изработка на истата е потребен подолг временски период бидејќи се работи за предмет од комплициран карактер“, велат од Апелација.
Порталб.мк, телефонски разговараше и со портпаролката на Апелацискиот суд, која рече дека сега најголем дел од судиите се на одмор и дека конкретниот предмет треба да биде готов во текот на септември.