Четворица малолетници се тешко повредени, откако утрово малолетник со форд мондео удри во метална канделабра и бетонска жардињера. По сообраќајката во Скопје , според официјални информации од МВР сите деца се во болница.
На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.”Мајка Тереза”, со ул.”Тодор Александров” и ул.”Белградска” патничко моторно возило “форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември” и Комплексот клиники “Мајка Тереза”, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.






















