Една година по соборувањето на меѓународно признатата авганистанска влада и преземањето на власта, талибанците ја зацврстија својата контрола врз земјата разурната од војната. Екстремистичката група ја монополизираше моќта, оставајќи настрана многу етнички и политички групи. Исто така, затвораше и тепаше новинари и бранители на правата кои протестираа против строгите ограничувања на талибанците на правата на жените и слободата на печатот.

Advertisements

Малиот, иако одржлив, отпор кон талибанското владеење не успеа да направи значителен напредок. Во меѓувреме, милитантите водеа крвава војна против ривалската екстремистичка група Исламска држава – Хорасан (ИД-К).

Кампањата на Талибанците ја затапи, но не ја порази ИС-К, која продолжи да организира смртоносни бомбашки напади во големите градови. Експертите велат дека најголемата закана за талибанците е растечкото неединство. Раздорот се прошири додека ривалските фракции се расправаат за политичка моќ и економски ресурси.

Ниту една земја не ги призна талибанците. Но, западните сили кои сакаат да ги омекнат нејзините сурови политики и да спречат хуманитарна катастрофа во Авганистан, продолжија со дијалогот со екстремистичката група. Наводите дека талибанците го засолниле водачот на Ал Каеда Ајман ал Завахри, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул, ја загрози целта на групата да добие меѓународен легитимитет и помош, велат набљудувачите./slobodnaevropa/