Иако утре требаше да се јави на издржување на казната затвор од три години, сепак поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков нема да оди во затвор, дознава ТВ 24. Мијалков до надлежниот охридски суд побарал одложување наиздржувањето на казната а судот го прифатил барањето, но не целосно. Судијата му дозволил да го одложи влегувањето во струшкиот затвор но само за две недели. По истекот на овој рок, Мијалков сепак ќе мора да се пријави во затворот. Откако експресно од скопјанец стана охриѓанец поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков казната од три години затвор ќе ја одлежува во Струга, пренесува Телевизија 24.