Руски дипломат испрати ново предупредување до НАТО алијансата, поради можни последици доколку дојде до директна агресија врз Русија.

Advertisements

– Акциите на Русија во Украина немаат врска со сценаријата за можна употреба на нуклеарно оружје, а сите тврдења за тоа се само нагаѓања – изјави денеска рускиот амбасадор во Јапонија, Михаил Галузин.

– Има многу обвинувања за позицијата на Русија и шпекулации за употреба на нуклеарно оружје против Украина. Но, нашата доктрина по ова прашање е јасна: хипотетички, не исклучуваме нуклеарен одговор, туку само во случај на агресија со оружје за масовно уништување или употреба на конвенционално оружје, што го доведува во прашање постоењето на државата. Нашите акции насочени кон демилитаризација и денацификација на Украина немаат никаква врска со тие сценарија – рече рускиот амбасадор.

Тој потсети и дека само една земја всушност користела нуклеарно оружје. Тој рече дека тоа се САД. Тој истакна дека оваа употреба не е оправдана од воена гледна точка, туку всушност е тест на нуклеарно оружје во јапонските градови Хирошима и Нагасаки и врз нивните жители.

Истовремено, тој предупреди дека непријателското проширување на НАТО алијансата и создавањето антируско упориште во Украина ги преминува „руските црвени линии“ и директно ги нарушува националните безбедносни интереси на Русија.

– Откако Русија се спротивстави на таа експанзија, САД и нивните сојузници влегоа во тешка хибридна конфронтација со нашата земја, опасно балансирајќи се на работ на директен вооружен конфликт – посочи Галузин.

Според рускиот дипломат, секој вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили мора да биде спречен.

– На ова предупредува Русија во однос на можните последици од директната агресија на НАТО врз нашата земја во контекст на украинската криза. Таквиот чекор може да предизвика едно од двете вонредни сценарија опишани во нашата доктрина – рече тој, додавајќи дека Русија не го сака тоа.

Тој додаде дека ако западните земји решат да ја тестираат својата решителност, Русија нема да отстапи.

– Тоа не е јазикот на заканата, тоа е логиката на одвраќање – рече тој, пренесе Хина./Makfax