Во последното соопштение на Кремљ со резолуција повикува на заштита на правата на Србите на Косово и Метохија.

Advertisements

Според руските медиуми, тензиите во Косово зовреле по одлуката на властите во Приштина да ги принудат Србите од Косово да ги прифатат косовски регистарски таблички и лични документи, што доведе до барикади на административните премини.

„ Русија целосно стои до Србија во спорот со самопрогласената Република Косово и инсистира дека правата на Србите мора да бидат загарантирани со резолуција за овој конфликт“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Ние стоиме покрај Србите кои живеат во Косово. Сметаме дека барањата на властите во Приштина се целосно неосновани“, додаде Песков./makfax

Прикажи повеќе