На Реал Мадрид му е потребна замена за Лука Јовиќ и играч кој треба да го растерети Карим Бензема.

Advertisements

Во еден момент се споменуваше и Един Џеко, но на крајот Реал се откажа од можноста да го доведе напаѓачот на Интер, а сега медиумите во Шпанија пишуваат дека изборот паднал на Тим Вернер.

Германскиот репрезентативец е во Челзи од летото 2020 година кога пристигна од Лајпциг за 53 милиони евра, но во изминатите две сезони не беше на нивото на натпреварите во Бундеслигата.

На 56 натпревари во Премиер лигата, Вернер постигна само 10 гола, што секако е премалку со оглед на сите очекувања и вложените пари. 26-годишниот Вернер не се вклопи најдобро во стилот и игрите на Челзи, а не се снајде ниту во Англија.

Неодамна изјави дека не е задоволен и дека сака да игра повеќе, особено затоа што во Катар се игра Светското првенство, но прашање е дали би добил поголема минутажа во Реал покрај недопирливиот Бензема.

Интересно, Вернер беше поврзуван со Реал и во летото 2017 година, кога беше замислен како замена за Алваро Мората, но Германецот остана во Лајпциг, а подоцна се пресели во Челзи.