„Впечатливо е што идејата за менување на Уставот се појави и претходно, пред Францускито предлог и тогаш не слушнав многу противење на тоа. Треба да се запрашаме зошто сега има толкава опозиција за тоа“ запраша евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Канал 5.

Тој додаде дека доколку не се случат уставните промени, веројатно целиот процес ќе запре, но не поради интервенција на трета земја или ветo, туку поради одлуката на земјава да се повлече од преземените обврски кон Бугарија.

„Преговарачката рамка е усовена од Европскиот совет, преговорите и скринингот започнаа. На крајот на скринигот ќе има Втора меѓувладина конференција, за која е потребно Северна Македонија да ја исполни обврската кон Бугарија за промена на Уставот. Оваа одлука е во рацете на Северна Македонија“ рече Гир.