На влезот во Дојран, на околу стотина метри од една од плажите откриено складиште со гранати од првата светска војна. Се работи за 75 милиметарски артилериски гранти од француско производство кои се пронајдени случајно од страна на градежен работник кој вршел ископ на земјиште за насип. Од дирекцијата за заштита и спасување велат дека станува збор за класично полско складиште во кое освен гранатите имало и околу триста парчиња митралеска муниција.

„Средствата се складирани и се со транспортни запалки, но поради големото време на стоење, 120 години, запалките се оксидирани и се во распадната состојба и тие средства се многу ризични бидејќи детонаторот веќе е ослободен и при повисока температура може да дојде до активирање на истите. Работиме на откопување на истите, а крајната бројка не знам до каде ќе дојде. Може ќе се осумдесет, деведесет, сто, но не може да биде како во Битола 12 300 парчиња. Максимумот може да биде од 400 до 600 парчиња ако не се трошени. Ако е трошени ќе бидат помала количина“ , вели Ефтим Митров, раководител на тим на пиротехничари во ДЗС.

(Целиот текст прочитајте го на vecer.press)