Руски проектил рано утринава погоди повеќекатна станбена зграда во украинското црноморско пристаниште Одеса, убивајќи најмалку 18 лица и ранувајќи десетици граѓани, пренесува Ројтерс.

Еден проектил погоди зграда во градот Билхород-Днистровски убивајќи 14 лица и ранувајќи 30, а предизвикал и пожар во продавница до зградата, се наведува во соопштението на украинското Министерство за итни ситуации.

Портпаролот на регионалната администрација Серхи Брачук за украинската државна телевизија изјави дека е во тек спасувачка операција бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините на зградата.

Друг проектил погодил во одморалиште, рече Брачук, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а друго лице било рането.

Advertisements

Ројтерс не можел независно да ги потврди деталите за инцидентите.