Популарната апликација и социјална мрежа „Инстаграм“ од утринава појавува одредени проблеми за корисниците.
Според „DownDetector“, интернет портал кој го следи статусот на онлајн услугите, многу корисници пријавиле проблеми со апликацијата. Како што објави порталот, дури 87 отсто од вкупно пријавените грешки се поврзани со со оваа социјална мрежаапликацијата.
Межу пријавените проблеми, некои корисници не можат да вчитуваат фотографии за приказни, додека некои пораки доцнат или воопшто не пристигнуваат, а имало случаи кога главната страница била само црн екран, бидејќи апликацијата не вчитувала содржина.
Компанијата се уште не ги објавила овие проблеми, па не е јасно што точно е причината за прекинот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.