-Силно го поддржувам договорот за почеток на пристапните преговори со ЕУ меѓу Северна Македонија и Албанија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Мислам дека има шанса за напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата до крајот на француското претседателство“, додаде Шолц.

„Западен Балкан и нивниот пристап во ЕУ се исклучително важни за нас. Знам дека и за Бугарија е важно прашањето за проширување на ЕУ, но Бугарија има голем број прашања за тоа. Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу две земји, но германското искуство покажува дека е збогатувачко за сите земји кога ја надминуваат недовербата и градат пријателски односи со соседите, изјави германскиот канцелар.