Ароганцијата, суетата и инаетот на Талат Џафери повторно доведе до тензична атмосфера и непродуктивност на Собранието на Република Македонија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-Собранието работеше до 3 часот по полноќ, но очигледно залудно. Се потроши драгоцено време кое наместо да се употреби за гласање и носење на законски решенија за излез од оваа беда и хаос во која што се наоѓа Република Македонија, Талат Џафери го потроши само за да ја задоволи сопствената суета. Од друга страна, македонската јавност можеше да забележи дека додека пратениците на ДУИ и СДСМ не беа на работа и не беа присутни во Собранието, Талат Џафери упорно се обидуваше да демонстира доминација и самоволие, кои за среќа завршија неуспешно бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа истрајни во својата намера и не му дозволија на Талат Џафери да успее во својата намера.

Имено, до доцна во ноќта се дискутираше за точката од дневниот ред на 73-тата седница односно за испраќање на припадници на АРМ на мисија во Босна и Херцеговина, но сепак оваа точка не се изгласа. Потоа Џафери ја отвори втората точка од дневниот ред и по само четири дискутанти, инаетот на Талат Џафери не издржа и тој ја прекина седницата во 3 часот по полноќ, вели Мицевски.