Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на денешната главна сесија на Отворен Балкан, меѓу другото, порача дека Западен Балкан мора да стане дел од ЕУ и оти местото на секоја земја од регионот е во ЕУ. Како што открва Ковачевски, денеска ќе се потпишат повеќе договори меѓу кои и договор за заедничка туристичка понуда на регионот.

„Очекувам да го зголемиме бројот на фестивалски настани во регионот што ќе значи повеќе содржина за нашите граѓани и поголема атрактивност на регионот. Очекувам еден ‘Егзит’ да го видиме во С Македонија и во Албанија и очекувам македонскиот 7/8 такт да се слуша и во Белград и во Тирана…нашата политичка цел е јасна и единствена. Западен Балкан мора да стане дел од ЕУ. Местото на секоја земја од регионот е во ЕУ“, рече Ковачевски.