Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307 187 станови или 36,6 проценти се ненаселени. Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни, јавува РС Европа.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

По региони најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51 348 станови над половината се празни. Најмалку празни станови има во Скопскиот регион, каде од 243 252 станови, 29 проценти се празни или 70 094.

Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40 проценти од вкупниот број, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17 771 стан. Интересно е дека за 20 години во Центар бројот на станови е зголемен за над 30 проценти, додека во Чаир за само 3,62 проценти.

Повеќе од половина од становите во Охрид се празни, а во Дојран над 68 отсто од становите се празни.