Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија, велат од СДСМ.

Од таму порачуваат дека клучен дел од Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

-Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија.

Лажниот патриот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто е тоа така? Дали и самиот Мицкоски гласаше за оваа Резолуција?

На овој начин Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, велат од СДСМ.