Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијa нареди истражна постапка против шест лица, од кои едните се мајка и сестра на девојка со ментална попреченост која ја подведувале на проституција за пари.

Од декември 2021 година до месец април 2022 година мајката и сестрата на посебно чувствителната жртва, ја врбувалезлоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други непознати лица.

Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално да ја искористува за надомест од 5.000 денари, а исто така ја терал и да работи.

Обвинителството на  Основниот кривичен суд Скопје му предложи да биде определена мерка притвор за сите осомничени.