Популарниот бенд Артист објави нова песна и видеозапис за „Ѕвездо моја“.
Видеото е под продукција на Алек Тасевски.
Овој бенд го сочинуваат пет млади музичари кои своите музички квалитети ги спојуваат под слоганот – ‘We play music, we make art’.
Фрнтмен е Кристијан Тасевски, додека пак бендот го сочинуваат и Никола Николовски и Даниел Маневски со клавијатури, Гоги Мицевски со тапани и Теодор Љушкоски со саксофон и кларинет.
Во продолжение слушнете ја новата песна: