Јас и бугарскиот премиер имаме редовна комуникација која се одвива на различни теми и, со оглед на тоа што и тие се во Рим, ќе имаме средба на која ќе стане збор за напредокот на разговорите меѓу министерствата за надворешни работи, изјави Ковачевски по приемот кај папата Франциск.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска е во Ватикан и во Рим по повод чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј, потврди дека попладнево ќе има средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, но без детали за што конкретно ќе се разговара.