Откако Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ објави текст со фотографии на Фејсбук вчера, прашувајќи го Талат Џафери што и ветил на чеченската делегација на средбата одржана минатата година во јули, со реакција денеска се јавија и од Алијанса за Албанците.

Во продолжение реакцијата на АА:

Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер.

Сето ова се случи во Собранието на Северна Македонија, највисоката законодавна институција на земја членка на НАТО.

Се гледа дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието. Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија.

Од кабинетот на Талат Џафери демантираат дека имал средба со чеченска делегација.

Милошоски: Што и ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија?!