Владејачката партија, СДСМ утрово преку соопштение се пофали дека дијалогот помеѓу Владата и СОНК успеал и дека е договорено 15 проценти покачување на вработените во образованието. Како што велат од оваа партија, ова е историско најголемо покачување и тоа во услови на криза.

-Во време на светска економска и енергетска криза, постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 осто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари.

СДСМ обезбеди историско најголемо зголемување на платите во основното и средното образование. Досега во образованието платите во  три наврати се зголемија за 21 отсто.

За само пет години, платите во образованието вкупно се зголемуваат за 36 отсто.

За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

Важно е да се напомене и дека платите на оние што штрајкуваа ќе бидат исплатени, но и дека следува изработка на нова методологија за континуиран раст на платите во образованието секоја година, без тоа да зависи од нечија политичка волја или одлука.

СДСМ секогаш бил и ќе остане на страната на работниците.

Како одговорна партија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на животниот стандард на граѓаните дури и во услови на најголема економска криза, велат од партијата.