Одредени православни цркви, сакаат да си ги задржат своите сфери на влијание, кои што се простираат на повеќе држави, затоа постојат одредени политички причини зошто одредени народи немаат право на своја сопствена црква. Ова го изјави новинарот Бранко Ѓорѓевски во емисијата Дебати на ТВ Шења.
„Големите цркви едноставно гледаат со векови однапред. За нив државите се творби што одминуваат, што се распаѓаат, што се формираат, меѓутоа црквата како институција се смета за постара и потрајна“, вели Ѓорѓевски.
Руската и српската православни цркви имаат јурисдикција на повеќе држави додава Ѓорѓевски.
„Зошто тие да не сметаат дека еден ден, ете Македонија, Црна Гора, можеби Украина нема да се распаднат како држава, а тие да ја задржат својата сфера на влијание. Тие гледања се првенствената главна причина да не се дозволува на народите да имаат свои православни цркви. Таков беше случајот и со Македонија “, вели Ѓорѓевски.
Според него големите цркви се последните бастиони на големодржавните проекти.