Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека силно ги поддржува барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, што е потег кој, како што истакна, „дополнително ќе ја зајакне меѓусебната соработка и ќе донесе корист за целата Алијанса“.

Бајден рече дека САД ќе соработуваат со Финска и Шведска за да останат будни во случај на какви било закани за нивната заедничка безбедност, во време кога се разгледува приемот за членство на двете нордиски земји.