БЕСА сака предвремени избори, но ако не е време за тоа, ќе бараме од меѓународните партнери дополнителни механизми за контрола на власта, вели Касами во неделното интервју за РСЕ.

– Нашата позиција во однос на актуелната ситуација е многу јасна. Ние нема да навлегуваме со барање за избори па да создаваме дополнителни проблеми за државата и граѓаните. Но истовремено наше барање до меѓународните партнери е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на владата. Ако договориме дека во ситуацијата во која е Балканот поради војната во Украина не е време да се организираат предвремени тогаш мора да се договориме да се создадат тие дополнителни механизми за да се заштитиме од корупција од високо ниво, вели Касами.

Додава дека во комуникација е со ВМРО-ДПМНЕ но немаат некаков договор за следните чекори како ќе се координираат во делот на притисокот на нови предвремени избори.