Во Сремски Карловци се одржува централната прослава по повод стогодишнината од воспоставувањето на Српската патријаршија. По свечената утринска литургија, следува заседание на Соборот на Српската православна црква, а работниот дел треба да продолжи во Белград, по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), .

Во исчекување на конечен став на СПЦ, српските медиуми повикувајќи се на неофицијални извори пишуваат дека СПЦ ќе ја потврди одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

„Вистината е дека јерахијата на СПЦ, со патријархот Порфирије на чело, била подготвена да се договори за црковно заедништво со расколниците, за што е директно и индиректно разговарано во изминатиот период, дури и во почетокот на овој месец, кога во Ниш се состанале патријархот Порфирије и архиепископот Стефан, придружени со јерархи на двете цркви.“

пишува српски „Курир“ повикувајќи се на извори од СПЦ.

(Целиот материјал прочитајте го на 360 степени.)