Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања, јавува Локално.

На прашањето доколку утре се оддржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции, за која партија би гласале, испитаниците одговориле на следниот начин:

ВМРО-ДПМНЕ 22% СДСМ 12.9% ДУИ 6.2% Левица 5.4%  Алијанса за Албанците 2.8% БЕСА 2% Алтернатива 1.3% Други партии 3.9% Неодлучни 17.1% Одбивам да одговорам 15.8% Нема да гласам 10.6%.

Во однос на тоа кои се најзначајните проблеми, анкетираните од ИПСОС велат: Лош стандард, ниски плати и пензии, високи цени 20% Економија, финансии 19% Невработеност 10% Криминал, корупција 6% Образование 4% Иселување на млади од државата 3% Меѓусоседски односи- односи со Бугарија 3% Лошо здравство 2% Лоши услови во земјоделие 2% Останати теми 24% Не знам 7%