Универзитетскиот професор Александар Спасеновски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на Македонската православна црква претставува еден од поважните датуми во најновата македонска историја, сличен на други важни датуми како што е 8 септември.

„Во таа смисла овој настан навистина несомнено придонесува за натамошно зајакнување на темелите на државата“, вели Спасеновски.