МРТ го осуди однесувањето на македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска која за време на фотографирањето во Торино го фрли македонското знаме. Како што велат од јавниот сервис очекуваат таа да се извини, а размислуваат и да ја повлечат од евровизија.

-Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон…

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.“

СКАНДАЛ: Нашата претставничка на Евровизија го фрли македонското знаме на земја!