„Денеска се осеќам радосен бидејќи конечно е испратен предлог меморандумот за отворање на општински канцеларии за соработка со дијаспората во 81 општини во РСМ.
Овие канцеларии би служеле како мост за информирање и поддршка на граѓаните на РСМ кои живеат во дијаспората.

Следствено, во секоја општина би се создала посебна структура за прашања од дијаспората со основен фокус на зајакнување на комуникацијата и односите со нашите заедници и здруженија во странство. Затоа ја користам оваа прилика да упатам апел до локалната власт, без исклучок, да ја поддржат оваа иницијатива чија основна цел е поддршка на нашата дијаспора.

Неизмерно им се заблагодарам на мојот кабинет за неуморната работа“, напиша на својата официјална facebook страна Џемаил Чупи министер министер без ресор, задолжен за дијаспората.