„Овде станува збор за достоинството на Бугаринот, за достоинството на Бугарите, кои живеат во РС Македонија. Оваа тема во последно време стана многу апстрактна“, изјави Петар Колев лидер на Граѓанско демократската унија во емисијата „Лице во лице“ на бугарската телевизија БТВ во однос на европската интеграција на РС Македонија, пренесува Трибуна.

Според него Бугарите не треба да гледаат на овој процес, како некаков економски или геополитички интерес.

„Би сакал да испратам еден повик до моите сонародници во Бугарија и највеќе до бугарските политичари. Тие треба да изберат на чија страна ќе застанат- дали на страницата во историјата каде што е запишан Батенберг или на страницата каде што е запишан Георги Димитров“, повика Колев.

Целиот разговор со Петар Колев погледнете го видеото на следниот линк.