Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи повика да го оставиме „фолклорот и да размислуваме стратешки“ за правата на Бугарите во РСМ. Османи не одговори конкретно на ниту едно од поставените прашања од страна на бугарските новинари. БГНЕС го објави целосниот текст од разговорот со министерот на РСМ, кој учествуваше на Форумот „ЕУ-Балкан“ во Софија, организиран од Илхан Ќучук, претседател на АЛДЕ и главен набљудувач на Европскиот парламент за РС Македонија, пренесува Трибуна.

Според Османи отворените прашања меѓу Скопје и Софија околу историјата се прашања од пред 100 години со кои се „трујат односите меѓу младите“.

Погледнете го целото видео од разговорот на Бујар Османи со бугарските новинари овде.