Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски како гостин пристигна светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек. Словакот притоа ги одмери силите со претседателот Пендаровски во дисциплината „туркање на рака“.

Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка. Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг, објави претседателот Пендаровски на неговите официјални профили на социјалните мрежи и сподели видео и фотографии од оваа средба.