„Договорот од Преспа добива на значење се повеќе со секој изминат ден. До него дојдовме со почитување на важнтие работи на двете земји и наоѓање креативно и корисно решение“ изјави експремиерот Зоран Заев во интервју за „Нова ТВ“, каде што зборуваше заедно со порашениот грчки премиер Алексис Ципрас.

Заев додаде дека проблемот со Бугарија е полесен за решавање од тој со Грција и изрази верување дека Бугарија ќе најде сила за да се постигне взаемно корисно решение, бидејќи во нивен интерес е целиот регион да биде дел од ЕУ што е можно поскоро.

Лидерот на Сириза, Ципрас додаде дека токму Бугарија беше голем поддржвуач на наоѓањето решение за спорот за името и порача дека сите треба да работат во правецот на соработка и преговори за да се најде решение.

„Се надевам дека овој проблем со Бугарија ќе биде решен и се надевам дека што е можно поскоро ЕУ ќе го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија“ изјави Ципрас.