Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави дека следи неколку десетици случаи на зарази со двете нови подваријанти на восокопреносливиот омикрон сој на коронавирусот означени како BA.4 и BA.5, настојувајќи да процени дали се позаразни или поопасни од претходните.
Во соопштението се наведува дека СЗО ги ставил BA.4 и BA.5, сестрински варијанти од изворната варијанта на омикронот BA.1 на листата за следење. Веќе се следат BA.1 и BA.2, моментално глобално доминантни, како и BA.1.1 и BA.3 подваријантите.
СЗО објави дека почнал да ги следи поради „новите мутации коишто треба дополнително да бидат проучени за да се сфати нивното влијание врз имунолошкиот потенцијал на избегнување“.
Познато е дека вирусите постојано мутираа, но само некои мутации влијаат врз способноста за нивни ширење или избегнување на претходниот имунитет стекнат со природна инфекција или со вакцинирање или, пак, влијаеат на тежината на болеста којашто ја предизвикуваат.
Така, BA.2 во моментов сочинува речиси 94 отсто од сите секвенционирани случаи и е попренослив од своите сродниц, но досегашните докази упатуваат на тоа дека не постои поголема веројатност од развој на потешки форми на коронавирусната болес Covid-19.
Според податоците со коишто располага СЗО, во глобалната база на податоци GISAID досега се пријавени само неколку десетици случаи од подваријантите BA.4 и BA.5.
Британската агенција за здравствена безбедност мината седмица извести дека BA.4 е откриен во Јужноафриканската Република, Данска, Боцвана, Германија, Шкотска и во Англија, во периодот од 10-ти јануари до 30-ти март. Во понеделникот вечерта Bелгија го пријави првиот случај на зараза со подваријантата BA.4
Сите случаи на BA.5. се откриени во Јужноафриканската Република минатата седмица, но на почетокот од оваа седмциа министерството за здравство извести дека идентификувало четири случаи од подваријантите BA.4 и BA.5 меѓу пациентите на возраст од 30 до 50 години коишто биле целосно вакцинирани. Сите имале поблаги симптоми на болеста.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.