До крајот на летото, 90 отсто од ковид-болните во Европската унија (ЕУ) ќе бидат заразени со делта сојот кој многу брзо се шири. Најктирично е кај делумно вакцинираните или во земјите каде што нема вакцини, смета Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ), кој следи 30 земји.

Според последните информации, многу брзо растат дневните бројки на новозаразени во Велика Британија, Португалија и Русија. Во некои земји, како на пример Шпанија, вирусот побрзо се шири кај младите лица.

Земјите низ Европа се во трка да ги забрзаат вакцинациите против ковид-19, со цел да го надминат ширењето на делта сојот, кој се покажа дека најбрзо се шири. Државите исто така се обидуваат со побрзата вакцинација да спречат повторно преоптоварување на болничките капацитети со пациенти со тешки компликации од коронавирус.

ЕЦДЦ вели дека во земјите што ги истражува, 61% од луѓето над 18 години имале една доза, а 40% се целосно вакцинирани.

Но, д-р Ханс Клуге, шеф на канцеларијата на СЗО во Европа, предупреди дека делта сојот ќе стане доминантен до август во регионот со 53 земји што го покрива неговата канцеларија. И тој забележува дека околу 63% од луѓето во тој регион немале прва доза.

Трите услови за нов бран на вишок хоспитализации и смртни случаи пред есента се воспоставени: нови соеви, дефицит во примањето вакцини, зголемено социјално мешање, рече Клуге.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.