„Пет Г“ или петтата генерација на мобилна мрежа не е опасна по никого. Со неа придобивките се големи во делот на напредната технологија, тврдат експертите од оваа област. Побрза испорака на информации, за 20 пати побрзо далнодирање од интернет, користење на најнови мобилни апликации. Со оваа технологија ќе може да се поврзат многу уреди во компаниите и во домаќинствата, и граѓаните ќе ги командуваат од далечина.

Advertisements

„Ќе може да се контролираат машини и уреди во некоја фабрика која е на другата страна на светот, да се вршат хируршки операции во кои лекарот ќе може да интервенира кај пациентот од друг континент и тоа со прецизни инструменти управувани од далечина. Или целосна контрола на далечински транспорт, аутоматизирани без возач“, изјави Бардил Јашари Директор на Фондација Метарморфозис.

Воведувањето на 5 Г технологијата е неминовен процес не само кај нас, туку и насекаде во светот. Експертите велат дека веќе се работи и на 6Г мрежа која ќе воведе вештачка интелегенција.

„По мои очекувања, некаде 2025 година би требало да имаме и кај нас таква мрежа, бидејќи се уште 4 Г добро работи а кога нешто добро работи тешко се менува“, рече Томислав Шуминовски Универзитетски професор.

Воведувањето на 5Г ќе предизвика потреба од монтирање на огромен број на антени, бидејќи таа мрежа, или тие бранови тешко ќе поминуваат преку ѕидови. Можно е да се монтираат на речиси секоја зграда. Засега нема докази дека оваа мрежа има било какви штетни влијанија.

“Сите резулатати кои сме ги измериле се во рамките на нормалата. Односно се од 10 до 100 пари под границата на дозволеното, и ниту еднаш досега, и ниту еднаш досега не сме упатиле забелешка до операторите“, нагласи Борис Арсов Агенција за телекомуникациски операции.

До сега оваа технологија е воведена во Германија, Велика Британија и во мал дел од Словенија.

Иле Петревски