Сигурно сте слушнале дека кашкавалот не е здрав, но тоа не е секогаш точно. Кашкавалот слободно може да се класифицира во планот за здрава исхрана.
Кашкавалот содржи клучни хранливи материи како што се протеините – и жените и мажите треба да внесуваат од 46 до 56 грама протеини дневно. Околу 100 грама од нискомасен кашкавал содржи 13 грама протеини.
Сепак, треба да ги знаете следните работи ако сакате кашкавалот да го вклучите во секојдневната исхрана…
Не треба да се откажете од полномаснте млечни производи
Возрасните треба да внесуваат три чаши никомасни млечни производи дневно. Сепак, дозволено е и 100 грама полномасен кашкавал. Количината на кашкавал и количината на маст која ја содржи зависи од остатокот во вашта исхрана. Ова особено е важно за вегетаријанците, на кои им е потребно да внесуваат повеќе протеини.
Мастите не се секогаш нездрави
Многу јадења кои ги јадете содржат многу масти, а вие тоа не го ни знаете. Топеното сирење или кашкавал не е ништо полошо од нив.
Не постои најдобар кашкавал
Не сакаме сите ист вид на кашкавал. Без оглед кој кашкавал го сакате, јадете го, бидејќи дури и преработениот кашкавал или сирење содржат протеини, но внимавајте на количината. Само внимавајте што се содржи. Некои кашкавали имаат малку конзерванси, а сепак високо ниво на натриум или масти.
Кашкавалот содржи многу натриум
Кашкавалот може да биде преполн со натриум. На возрасните им е потребни 180 до 500 милиграми натриум дневно, а никако не би смееле да внесат повеќе од 2.300. Парче чедар кашкавал содржи 174 милиграми натриум, додека парче американски кашкавал содржи 352 милиграми. Некои кашкавали имаат природно многу помалку натриум како што е пармезанот, кој содржи 76 милиграми по лажица.