Нема по илустративен случај што подобро ќе го покаже одност на македонската заробена држава кон Бугарија и се што асоцира на бугарштината отколку  хистеријата, примитивизмот и омразата што последните денови се излеа во медумите и социјалните мрежи против македонскиот претстаник на Евровизија, Васил Гавранлиев затоа што направил неопростлив грев што земал бугарско државјанство.

И не само тоа, туку дечкото безсрамно се фалел јавно дека тоа државјанство го стекнал преку нејзината баба, која потекнувала од Бугарија. И на крај, грев што македонските лажни патриоти негувани од пропаганданата машинерија на заробената држава, никако не можеа да му простат, е дека во спотот на песната со која треба да настапува во Ротердам се појавиле боите на бугарското знаме, кои во Даут пашиниот амам стоеле повеќе години наназад.

Најголема жртва на ваквата непримерна хистерија и промоција на нетолеранција во земјата не е само пејачот Гаврналиев, туку и имиџот на Северна Македонија во очите на светот како земја каде на јавна сцена се негува нетолеранција и омраза.

Практично, идеаторите на онлајн петициите за повлекување на Гавранлиев од Евровизија, кои се кријат во Белата палата, ги потврдија тезите на официјална Бугарија дека во Северна Македонија се негува антибугарски сентимент и затоа не заслужуваме да почнеме преговори со Европската унија, каде нема место за ваков тип на талибанизам.

Најголемиот страв на македонските националисти здружени околу македонската опозиција се токму европските стандарди. Ако почнеме преговори со Европската унија, тогаш земјата ќе почне полека но сигурно да ја напушти мизеријата од омраза, беззаконие и криминал, во која се ноаѓа веќе триесет години, резултат на владеењето на лажни патриоти од сите бои.

Овој пример на најцрната пропаганда во земјата, покажува дека истата болумента и спорот со Бугарија го дува непотребно. Ако актуелната влада ја надмине и последната пречка за започнување преговори, која ќе отвори пат за вистинска европиеизација на земјата, тогаш талибанците на заробената држава нема да имаат што да штитат повеќе и приказната за враќање на режимот на азилантот Никола Груевски во земјата ќе пропадне еднаш засекогаш.

Нема никаков сомнеж повеќе дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски е експонент во рацете на азилантот Груевски. Тоа лесно може да се гледа во ставовите што Мицковски ги застапува откако го инсталираа на чело на партијата. Тој во целост ги застпува ставовите и реториката на режимот на Груевски. Од прва до последна!  Ако е тоа така, тогаш како Мицковски може да биде новото лице на ВМРО-ДПМНЕ и на Северна Македонија!

Но тој заборава еден факт дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не дошла на власт со талибанска реторика, туку со ветувања за повеќе демократија и подобар живот! Ако воопшто има идеја ДПМНЕ да ја донесе на власт.

Навистина Македонија е чудна земја! Тогаш кога ќе помислите дека се е отиде по ѓаволите, ќе се појави светлина на крајот на тунелот. И надежта на оваа земја се малкуте луѓе, кои се одважија да застанат во одбрана на Гавранлиев. Тие знаат дека со тоа не го бранат само него, туку  и сонот на оваа земја да биде европска во секоја смисла на зборот!

Насер Селмани, новинар