Со Борко Ристовски македонскиот спорт е осуден на пропаст. Две и пол години криминалната власт на ВМРО ја крати поддршката за спортот и спортистите. Министерот Ристовски, кој и самиот е спортист и доаѓа од истата фела, наместо да го унапредува спортот и да биде сојузник на спортистите, се однесува како инфлунсер, оцени на денешната прес-конференција Панче Милевски-Панта, од Комисијата за спорт на СДСМ.

„Фотографирање, промоции и отворање проекти од времето на СДСМ и Агенцијата за спорт и млади предводена тогаш од Наумче Мојсовски. И во новиот буџет, исто како и во претходните буџети и ребаланси, има помалку пари за поддршка и развој на спортот. За 20% се намалени субвенциите, од 5,6 милиони на 4,5 милиони евра“.

Според него, поддршката за спротска инфраструктура е намалена за 30% од 230 на 160 милиони денари.

Ова, како што рече, значи помалку пари за општините, за изградба и реконструкција на спортски објекти.

[embedded co te t]

„Намалена е поддршката и за федерациите и тоа преу двете Програми, и за спортските објекти.

Ова се помалку средства за клубовите, помалку можности за младите спортисти, полоши услови за тренинг и помалку инвестиции во иднината на македонскиот спорт.

За криминалната ВМРО, и спортот, како и се што е поврзано со поддршка на граѓаните, не е приоритет. Нивните приоритети се да скратат од секоја ставка, за да има повеќе за криминалните партиски тендери.

И тоа се гледа и во новиот буџет за спорт, во кој наспроти кратењата за клучни ставки има зголемување на одредени делови.

Така, самофинансирачката сметка, односно средствата поврзани со надоместоците за спорт, расте од 270 на 370 милиони денари“.

Ова, додава тој, отвора сериозно прашање за транспарентноста и одговорноста на министерот.

„Борко Ристовски во минатото јавно ги критикуваше спортските легенди како Кире Лазаров, Перо Антиќ и Игор Стефановски – Иџе, поврзувајќи ги нивните рекламни ангажмани со игрите на среќа.

Сега кога средствата на самофинансирачката сметка значително растат, Борко да одговори каде ќе завршат овие пари, по кои критериуми се распределуваат и каква е нивната намена.

Дополнително, предвидено е зголемување на средствата за стоки и услуги за 25%.

Значи, за спортистите помалку, за федерациите помалку, за спортската инфраструктура помалку, но за трошоците на министерството повеќе!

Спортот го создаваат спортистите, тренерите, клубовите и федерациите.

Македонските спортисти заслужуваат влада која ќе инвестира во нив, која ќе ги поддржува и им овозможува услови за успеси и награди, а не влада која гледа како да украде и од нив за да има повеќе за своите лускузи и бизниси.

Со Борко Ристовски македонскиот спорт е осуден на пропаст.

Две и пол години криминалната власт на ВМРО ја крати поддршката за спортот и спортистите.

Министерот Ристовски, кој и самиот е спортист и доаѓа од истата фела, наместо да го унапредува спортот и да биде сојузник на спортистите, се однесува како инфлунсер.

Фотографирање, промоции и отворање проекти од времето на СДСМ и Агенцијата за спорт и млади предводена тогаш од Наумче Мојсовски.

И во новиот буџет, исто како и во претходните буџети и ребаланси, има помалку пари за поддршка и развој на спортот.

За 20% се намалени субвенциите, од 5,6 милиони на 4,5 милиони евра.

Поддршката за спротска инфраструктура е намалена за 30% од 230 на 160 милиони денари. Ова значи помалку пари за општините, за изградба и реконструкција на спортски објекти.

Намалена е поддршката и за федерациите и тоа преу двете Програми, и за спортските објекти.

Ова се помалку средства за клубовите, помалку можности за младите спортисти, полоши услови за тренинг и помалку инвестиции во иднината на македонскиот спорт.

За криминалната ВМРО, и спортот, како и се што е поврзано со поддршка на граѓаните, не е приоритет.

Нивните приоритети се да скратат од секоја ставка, за да има повеќе за криминалните партиски тендери.

И тоа се гледа и во новиот буџет за спорт, во кој наспроти кратењата за клучни ставки има зголемување на одредени делови.

Така, самофинансирачката сметка, односно средствата поврзани со надоместоците за спорт, расте од 270 на 370 милиони денари.

Ова отвора сериозно прашање за транспарентноста и одговорноста на министерот.

Борко Ристовски во минатото јавно ги критикуваше спортските легенди како Кире Лазаров, Перо Антиќ и Игор Стефановски – Иџе, поврзувајќи ги нивните рекламни ангажмани со игрите на среќа.