Џенифер Лоренс никогаш особено не го криела својот интерес за естетски зафати, но нејзиното најново признание повторно ја разгоре дискусијата за тоа колку се променил нејзиниот изглед.
Актерката Џенифер Лоренс (36) гостуваше во емисијата „Watch What Happe s Live with A dy Cohe “, каде што ѝ се придружи нејзиниот колега од франшизата „Игри на гладта“ (The Hu ge Games), Џош Хачерсон. За време на разговорот со водителот, Лоренс сосема лежерно откри дека неодамна се подложила на значаен естетски зафат.
„Кога ќе престане да зборува за своите пластични операции? Почнува да станува заморно“, напиша еден коментатор.
По неколкумесечни шпекулации во врска со нејзиниот изглед, Џенифер Лоренс откри детали за своите нови импланти во градите.
Актерката се појави во „Watch What Happe s Live“ за да го промовира своето враќање во франшизата „Игри на гладта“, во филмот „The Hu ge Games: Su ise o the Reapi g“.
За време на еден сегмент во кој се дискутираше за провокативни теми поврзани со телевизиската мрежа „B avo“, водителот Енди Коен праша како е можно градите да го скршат носот на Хејли Гласман, поранешна учесничка во реалното шоу „The Real Housewives“.
Џенифер одговори со неочекувано признание:
„Да, имам импланти. Да, нови се“.
Потоа, актерката на шега ја спушти шалот што го носеше и позираше пред камерите, покажувајќи ги своите импланти – потег што предизвика воодушевена реакција кај публиката.
Џенифер и претходно зборувала за ова, напоменувајќи дека сака да биде „секси мајка“, но дека нејзиното тело не се вратило во состојбата во која било пред бременоста, по раѓањето на нејзиното второ дете.


















