Царинските службеници спречиле два обида за шверц на вкупно 470 парчиња козметички производи, средства за лична хигиена и додатоци во исхраната на граничните премини Ќафасан и Меџитлија.
Непријавената стока била откриена при детални контроли на патнички возила кои влегувале во државата.
Во првиот случај биле откриени 352 парчиња козметички производи и средства за лична хигиена, додека во вториот случај цариниците пронашле поголемо количество козметички производи и додатоци во исхраната од трговската марка „Nice “.
Вкупната вредност на запленетата стока изнесува околу 149.000 денари.
Стоката е одземена, а против лицата се преземени соодветни постапки, информираат од Царинската управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















